Жител на долнореканското село Требиште е лишен од слобода, под сомениение дека го нарушил јавниот ред и мир и нападнал полициски служебници.

Според СВР Тетово, ноќеска (7 септември), половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот И.И. од долнореканско Требиште. Тој се однесувал агресивно и физички ги нападнал полицајците кои дошле по пријава за нарушување на јавниот ред и мир во Здравствениот дом „Русе Бошковски“ во село Ростуше.

Приведениот таму дошол, бидејќи во установата болнички од „ковид-19“ се лекувала неговата сопруга.
Се расчистува и документира случајот, по што против И.И. ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.