Дваесет и седумгодишен жител на Скопје од Јавното обвинителство е обвинет за кривично дело разбојништво кое го извршил на 10 овој месец.
Во обвинителниот акт пишува дека тој со службено возило на фирмата во која работел како дистрибутер, дошол до спортска обложувалница на улицата „Благоја Стефковски“ во населбата Ченто. Го паркирал возилото во непосредна близина на обложувалницата и со нож во раката влегол внатре. Ножот го вперил кон вработениот и на уште еден маж кој бил во објектот.
Од вработениот зел 21.760 денари, пари кои биле во касите на уплатно-исплатното место, 138.020 денари кои се наоѓале во ВЛТ апаратите, како и 24 исплатени тикети со вкупна сума од 55.283 денари. Откако го извршил разбојништвото, со возилото избегал кон населбата Хиподром.
Судија на претхона постапка на разбојникот му одредил домашен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.