Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска соопшти дека за непостапување од страна на полициските службеници за одредени настани за време на полицискиот час во скопски Чаир ќе биде покрената дисциплинска постапка и ќе се утврди евентуална нивна одговорност.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во однос на продавницата која вчера била отворена во Чаир, рече дека тоа не е во надлежност на МВР, туку на Државниот пазарен инспекторат.

Дозвола за работење на колонијалите даваат локалните Кризни штабови, но тие дозволи не се за продавање директно туку за продавање со достава до домовите. Во конкретниот случај работењето на продавницата е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат. Во однос на полцииските службеници кои не постапиле во однос на лицата ќе биде покрената дисциплинска постапка и ќе се утврди евентуална нивна одговорност, рече Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.