Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.Д.(61) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за несовесно работење во службата.
Од 1 јули 2018 до 30 мај годинава пријавената, како директор на државниот студентски дом „Доне Божинов“ – Пробиштип, спротивно на Законот за јавни набавки, извршила набавка на стоки, со што нанела штета од 579.885 денари на Буџетот на институцијата.
На почетокот на годината „Република“ зборуваше со вработените, кои се пожалија на голготата низ која поминуваат, бидејќи 9 месеци работеле без плата.
Повеќе за ова:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.