Дирекцијата за заштита и спасување уште во доцните часови активно беше вклучена во акцијата за гасењето на пожар кој ја зафати депонијата во Русино, Гостивар, соопштуваат оттаму.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски заедно со вработените од Подрачното одделение при Дирекцијата за заштита и спасување во Гостивар и утринава биле на терен, кој поради извршување на градежни работи е непристапен.
За справување со пожарот Дирекцијата за заштита и спасување ангажираше градежни машини како поддршка на ТППЕ Гостивар и Комуналното претпријатие на Гостивар.
Дирекцијата за заштита и спасување останува на терен се до конечно гасење на пожарот во депонијата, соопштуваат од Дирекцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.