Возило со дипломатски ознаки удрило во полицаец во близина на Владата, информира полицијата. Несреќата се случила вчера во 15,17 часот во Скопје, на булеварот „Св.Климент Охридски“ во близина на Владата, кога возило „хјундаи“ со дипломатски ознаки, управувано од Н.Г. (54) удрило во Х.А., полициски службеник.
Полицаецот е пренесен во Градска општа болница Св.Наум Охридски за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.