При претрес во семејна куќа, делчевската полиција пронашла 29 прачки динамит и фитил.
Динамитот како што соопштија од полицијата уредно бил складиран во тавански простории од претресената куќа.
– Динамитот е пронајден во домот на 67-годишниот М.Ц., кој не живеел во куќата. Се уште се истражува дали динамитот е складиран од споменатото лице или таму го оставил некој од неговото семејство, како и трети лица, информираат од полицијата.
Според МВР, се уште се утврдува потеклото, како и намерата зошто бил наменет динамитот.
Подигнатите експлозивни предмети по запленувањето се предадени во канцеларијата на Дирекцијата за заштита и спасување во Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.