Наташа Димитриевска, оштетена во случајот со сообраќајната незгода кај Католичка црква на Алфа телевизија истакна дека затаила правдата и сите надлежни правосудни органи.

Таа изјави дека обвинетиот Васил Чорбаџиев, против сообраќајните правилата ги прегазил двете полни ленти на улицата каде се случила несреќата, иако таа и сега веќе починатиот сопруг возеле по прописиите, по што за смртен случај и изгубениот плод од бременоста му е досудена условна казна.

Предолго траеше истрагата за толку пропусти да се направат од страна на обвинителството и за само едно дело да го гонат од небрежност. Според мене вршењето на ова дело е со умисла затоа што секое обвинителство има список на моменти кои претставуваат умисла, меѓу нив е и поминувањето на црвено светло, а дуплата линија претставува исто што и поминувањето на црвено – вели Димитриевска.

Таа истакнува дека според неа, исто така има и друго дело, а тоа е неукажување на нужна помош затоа што лицето во моментот на несреќата ниту викнало брза помош, ниту, пак, се обидел да им помогне, ниту пројавил било каков интерес за нив.

Би забележала дека несреќата се случува во октомври, а записникот се издава дури во 23.01.2019 година, дури три месеци по настанот, истиот е предаден во обвинителство, а распитот каде за првпат јас давам исказ е во јули месец, необјасниво е како толку долг период поминал, кога обдукцијата и документите е дадена на време – истакна Димитриевска.

Таа посочи дека од обвинителството треба да одговорат зошто им било потребно толку време. На 03.01.2020 се обратила до обвинителството да праша зошто се одолговлекува постапката иако постојат законски рокови за таквите предмети, при што не била известена за ништо од поднесокот, освен поканата која подоцна ја добила за исказ.

Се надевав на правда, но правосудните надлежни институции затаија, јас се изгубив, немам повеќе што да изгубам, одам до крај, сметам дека судот направил суштествени повреди на постапката кој ги направил судијата на предметот, како моето отстранување во судската чекална во моментот на изјавување на вината и на моментот на висината на казната – потенцира Димитриевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.