Тетовчанката Наташа Димитриеска денеска поднесе претставка до Советот на јавните обвинители, за работата на обвинителката Снежана Бундалевска Ѓоргиевска, која го застапуваше предметот за сообраќајката кај Млечен ресторан.

Според Димитриевска, била сторена тешка дисциплинска повреда, особено што сега веќе осудениот за кобната сообраќајка, бил обвинет дека делото го сторил од небрежност.

Делото е сторено со умисла со оглед дека на местото на несреќата умислено презел дејствие на вртење во лево иако е забрането, иако има знак, обележан е со две полни лентии, не претставува раскрсница и никогаш не смее да се врти лево, независно ако е зелено светлото на семафорот, туку смее само право да продолжи да се движи со своето патничко моторно возило, се вели во дел од претставката.

Димитриевска дополнува дека обвинителката не ги прибавила сите неопходни медицински документи, не го обвинила Васил Ч. за неукажување помош на повредено лице, предоцна го покренала обвинението и затоа повела постапка и против неа.

Наместо да бара најстрога казна за загубата на млад живот, кој не придонел со ниту едно дејствие за случување на незгодата, кој се движел по својата патека, со заштитна опрема, без алкохол или психотропни супстанци во себе, без да стори сообраќаен прекршок, без дело во своето досие за загубата на нашето дете и моиоте тешки телесни повреди, кои се од карактер на траен инвалидитет, како и потребата за дополнителни операции. Останува нејасно зошто обвинителот не извршил правилна анализа на доказите и да го терети за кривичното дело по член 300 став 2 в.в. со член 297 став 1 од Кривичниот законик, се заклучува во претставката.

За пресудата, со која осудениот сторител на сообраќајката доби условна затворска казна, Димитриевска поднесе претставка и за судијката Елена Јосифовиќ, која ќе биде разгледувана на првата седница на Судскиот совет наредната недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.