По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднело Обвинителен акт против 59-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 7 ноември, при личен преглед на обвинетиот и при претрес во неговиот дом, кај него биле пронајдени 3,10 грама хероин, како и четири шишиња со вкупен волумен од 40 милилитри метадон, коишто ги држел неовластено заради натамошна продажба – соопштија од Обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.