Основното јавно обвинителство достави обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 и предлог да се продолжи мерката притвор за лице од Бутел во чиј дом биле пронајдени 295,3 килограми марихуана.
Ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да го повтори делото и го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Тој се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, псрихотропни супстанции и прекурсори.
Дрогата била пронајдена на 4 јануари при претрес на неговиот дом во Бутел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.