Во Штип е приведен дилер на дрога, кој сакал физички да се пресмета со полицајците кои го проверувале.
При проверката на неговото возило, откриени биле марихуана, екстази, бела грутчеста материја, таблети и пари
Полициски службеници од СВР Штип вчера го лишиле од слобода М.Ж.(38) од Штип. При преглед во неговото возило околу 21 часот на ул. „Партизанска“ во Штип биле пронајдени и одземени марихуана, екстази, бела грутчеста материја, таблети и пари.
Исто така, тој се однесувал агресивно и ги попречувал полициските службеници во извршување на службените дејствија – информираат од МВР.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што против М.Ж. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.