СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р. (42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.
На 26 – 27.07.2018 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед над Д.П. и Г.Д., двајцата од Охрид.
Притоа, Д.П. фрлил кеса со кокаин, а по преземени мерки било утврдено дека тој претходно купил кокаин и марихуана од пријавениот, кој им овозможил да конзумираат кокаин и марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.