Девојката што беше најдена во црна пластична кеса била убиена, ставена во кеса, па фрлена покрај патот, објави МКД.мк.

Според МКД. мк се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари.

Телото на починатата девојка со наредба на јавен обвинител е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. По обдукција ќе се знае од што точно починала, како и дали сторителот кој што ја убил оставил траги кој можат да ги донесат надлежните до него.

Црната пластична кеса ја нашол вработен во јавното скопско претпријатие Комунална хигиена додека патувал кон селото Горно Оризари, скопско.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.