Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинение против едно лице со двојно македонско и италијанско државјанство за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата, на 17 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје се обидела да ја напушти државата, прикажувајќи лажен сертификат за негативен ПЦР тест за САРС-КоВ-2 вирусот.

 

При проверка од службениците на аеродромот било утврдено дека станува збор за лажна исправа, која обвинетата ја прикажала како вистинска – соопштуваат од Обвинителството.​​



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.