Девојка вчеравечер се удавила во водите на реката Вардар во Гостивар, а нејзиното тело е пронајдено рано утринава. Се уште се трага по човек кој скокнал во реката и се обидел да ја спаси девојката, но не успеал, јавува локалната телевизија „Глоби“.

Двете лица синоќа исчезнале во водите на реката, а полицајци, пожарникари и граѓани цела ноќ трагале по нив.

Според неофицијалните информации, нешто пред полноќ помлада жена била забележана во водите на Вардар кај кланицата. Очевидци тврдат дека еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и и тој бил повлечен од брзаците на реката.

Набргу потоа, настанот бил пријавен во полиција, по што биле ангажирани екипи на првата помош, полиција и пожарникари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.