Две лица се тешко повредени синоќа во тетовско, откако љубовна расправија ескалирала во насилна сообраќајка.
Како што соопштуваат од СВР Тетово во 22:30 часот било пријавено дека на локалниот пат помеѓу тетовските села Палиште и Стримница, по претходна расправија поради љубовна врска, Ѓ.К.(30) од с.Шемшево, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, предизивкала сообраќајна незгода со патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(32) од с.Стримница.
Притоа, двете возила излетале од коловозот и двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.