Две млади лица се пронајдени ноќва, отако и двајцата во полиција биле пријавени дека ги напуштиле инсистуциите во кои се згрижени.
Околу полноќ пронајдена и вратена М.С. (17), штитеничка од СОС Детско село, која во четвртокот навечер во Полициската станица Гази Баба беше пријавена дека самоволно се оддалечила.
Околу 2 часот утрово, пронајден е и Ж.Р (19), штитеник на ЈУ „Ранка Милановиќ“. Тој беше пријавен дека самоволно се оддалечил од домот во вторникот, 26 февруари. Од страна на полициските службеници лицето е спроведено во домот „Ранка Милановиќ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.