14-годишната Џесика Мемишовска вчера се удавила во базенот Довеџик кај Битола обидувајќи се да ја спаси својата 12-годишна братучетка, со која заедно се капеле, раскажуваат роднините на девојчето. Џесика знаела по малку да плива, а со нив имало и други деца, сите од битолската дива населба Картон Маало, која се наоѓа во близина на базенот.
Тие се капеле, како што ми кажуваше ќерка ми. Прво во вода рипнала Џесика, а по неа девојчето мое, Медина Камбер. Кога таа скокнала, почнала да тоне, да се дави. Џесика се спуштила да ја спаси братучетка ѝ, но при кревањето пропаднала, а моето девојче го извадија. Во тоа помогна и една друга жена која се најде таму, а имало и други капачи. Моето девојче почна да вика ‘братучетка ми е долу’ и потоа водата го исфрли телото на внуката“, изјавил за СДК Нехру Камбер, чичко на починатото девојче.
Базенот со кој стопанисува приватен концесионер сѐ уште не е отворен за посетители сезонава. Но, роднините на девојчето обвинуваат дека внатре може да се влезе без проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.