На 01.10.2020 во 22.20 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било донесенa малолетничка од Скопје со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, околу 19.00 часот, додека се возела со велосипед на ул.„Шуто Оризари“, била удрена од патнично возило, по што возачот ја однел во нејзиниот дом.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.