Синоќа во 00:30 часот на ул.„Кеј на револуцијата“ во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода 19-годишниот Џ.Џ. од Кочани поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ извршени на подрачјето на Кочани.
Како што информираат од МВР, при преземање на службените дејствија, Џ.Џ. агресивно се однесувал кон полицискиот службеник.
Се работи на комплетирање на случаите по што против Џ.Џ. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.