Девет лица на возраст од 19 до 21 година се уапсени синоќа во 02.40 часот, во близина на автобуската станица во Кичево.
-При преглед на патничко возило „мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Скопје, пронајдени се и одземени четири ќеси со кокаин и една со марихуана. Тој, заедно со сопатниците В.А.(21), Д.Г.(20), Д.О.(20), М.Т.(19), А.Т.(19), М.Б.(20), Ф.К.(20) и А.Т.(20), сите од Скопје, се приведени во полициската станица во Кичево, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.