Синоќа околу 23,20 часот во Куманово на пат за с.Зубовце, патничко возило „уаз 469“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (36) од Куманово излетало од патот, информираат од МВР.

По незгодата, во Општата болница-Куманово, на Ј.Д. и  Е.В. (37) им биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници Д.В. (39), Д.Д.(33) и пет малолетници биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.