Секторот за внатрешни работи од Тетово информираше дека е најдено шестодишното дете од Прилеп, кое беше пријавено кај нив како исчезнато на 18-ти мај од страна на родителите. Детето го нашле полициски службеници во Скопје.
Детето било предадено и згрижено во соодветна социјална установа во Скопје. Инаку, детето и претходно во повеќе наврати се оддалечувало од неговите родители, но и честопати покажувало знаци и постапки на асоцијално однесување, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Случајот во СВР Тетово на 20 мај го пријави неговиот татко, 29-годишниот Е.М. Според неговото кажување, детето се изгубило два дена порано додека играло во забавниот парк на спортскиот центар во Тетово. Тројцата членови на семејството во мај времено дошле од Прилеп во Тетово каде работеле на собирање старо железо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.