Момчето на возраст од девет години, по кое се трагаше пет дена во Кавадарци, откако полицијата го пронајде во вторникот, вчера, по само еден ден, повторно побегнало.

Се работи за дете кое е сместено во Мал групен дом за деца во социјален ризик, а информацијата ја потврдија од СВР Велес.

Момчето беше пријавено за исчезнато во полициската станица во Кавадарци на 9-ти април. По пет дена, беше пронајдено на улицата ,,Димката Ангелот – Габерот” во Кавадарци и предадено на вработените на Центарот за социјални работи Кавадарци. Не се знае каде престојувало во изминатите пет дена – вчера ни изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој додава дека станува збор за дете кое во повеќе наврати се оддалечувало од домот, и секогаш било враќано назад.

Неговото повторно исчезнување од домот било пријавено вчера во 10.20 часот, и се превземале мерки за пронаоѓање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.