Од МВР денеска ги споделија деталите за тешката сообраќајна несреќа во која вчера загина дете од Матејче. Според полицијата, сообраќајката се случила вчера околу 14.15 часот на локалниот пат Куманово – с.Романовце, помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(29) од Куманово и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Р. од с.Матејче, општина Липково.
Во незгодата, на местото на несреќата починало четиригодишник од с.Матејче, сопатник во возилото што го управувал И.Р.. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.
Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Љ.Ш., сопатничка на И.Р..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.