Малолетно дете било претепано од возасен човек на плажа во Охрид.

По нападот, детето речиси се онесвестило, поради што морало да интервенира и брза помош.

Две деца почнаа да се расправаат во вода. Ги раздели една жена и на излегување по скали од мостот повисокото го стигна помалото со клоца. Една жена претпоставувам мајка на тоа што ја удри клоцата за да го укори синот му удри шамар и тоа падна. Во истиот момент братучед на помалото што ја доби клоцата додека беше паднато детево со патики и јак шут го издиша неколку пати. Страшно беше детето едвај два пати силно врисна и остана без здив, додека дојде брза помош два пати превртуваше очи и беше неподвижно. Со рака една вработена му го вадеше јазикот да не се удави. Се испотресовме сите. Цело време пред мене стои сликата на детенцето – потресено раскажува очевидец за „Охрид1“.

Инцидентот се најде и во билтенот на МВР.

На 09.08.2021 година во 17,40 часот, на плажа на Охридското езеро нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две малолетни лица, во која се вклучиле В.К. (35) од една и А.Ј. (49) од друга страна. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираа од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.