Петнаесетгодишно момче е тешко повредено по несреќата што се случила на паркинг во Куманово.
Како што соопшти МВР, вчера во 17.25 часот било пријавено дека во Куманово, на паркинг простор на бул.„Октомвриска револуција“, патничко возило „шкода“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(34) од Куманово удрило во велосипед, управуван од 15-годишник од Куманово и во патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(30) од Куманово.
Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Куманово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.