Во Кавадарци викендов било пронајдено 14 годишно дете кое од Јавна установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение се оддалечило на 26 мај.
Во саботата околу 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци, на ул.„7-ми Септември“ во Кавадарци го пронашле четиринаесетгодишното дете од овој град, инаку штитеник на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение од с.Визбегово Скопје. За него на 26.05.2020 во Полициската станица Чаир беше пријавено дека се оддалечило од установата. Детето било предадено на вработени од установата, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.