Синоќа, во 20 часот, на булеварот Партизански одреди во Скопје, возило „ауди“ удри во 15-годишен пешак од Скопје.

Од МВР информираат дека возачот побегнал по несреќата.

Пешакот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.