Петнаесетгодишен малолетник од село Бараково е тешко повреден откако паднал од мотор.
Несреќата, информираат од МВР, се случила вчера попладне, а случајот бил пријавен од лекар од Итната медицинска помош Демир Хисар каде детето побарало помош.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што било констатирано дека во близина на крстосницата за сeло Света, малолетникот, управувајќи мопед „хамачи“, со демирхисарски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. За настанот бил известен Јавен обвинител“, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.