Од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, вчера попладне било пријавено дека кај нив било донесено повредено 12-годишно дете од село Љуботен, скопско.

Според пријавата, детето се здобило со повреди од струен удар околу 16.20 часот во селото во моментот кога се обидувало да вклучи канделабра за улично осветлување, монтирана на дрвена бандера, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.