Повторно полициските билтени се полнат со вести за каснати од кучиња, а тетанус на Инфективна нема.
Во 13,15 во Полициската станица Центар, вчера 45-годишната Е.В. од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 11,00 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември“ нејзиниот 16 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
Исто така, во 14,00 часот во Полициската станица Центар, се јавил 59-годишниот Г.П. од Скопје кој пријавил дека истиот ден околу 12,00 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.
Инаку, неделава Сител јави дека нема тетанус на Инфективна. Ги потрошиле количините бидејќи имаат зголемен број на пациенти кои имаат потреба од ваква терапија а кај нив доаѓале и од другите градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.