Двајца жители на Порој се полесно повредени во сообраќајната незгода кога во нивното патничко возило марка „цитроен“ удрил воз кој се движел на релација Скопје-Кичево. Сообраќајката се случи вчера околу 18 часот на преминот кај селото Порој, при што автомобилот е целосно уништен.
Во сообраќајката се повредени Б.С (22) и Б.Н (39) и двајцата од селото Порој. Биле однесени во клиничката болница Тетово но по пружената лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Поради сообраќајката од 1:.45 до 20:20 часот железничкиот сообраќај беше во прекин – информираше Фатмир Реџепи, од службата за односи со јавноста при СВР Тетово.
Несреќата се случила во 17.46 кога пред влезот на железничка станица Тетово, поточно од стојалиштето Ратае кон железничка станица Тетово, на патен премин, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево удрил во патничко возило „цитроен“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале две лица.
Во Општата болница Тетово е конастатирано дека тие се здобиле со телесни повреди, констатирани .
За време на вршење увид, во периодот од 17.46 до 20.55 часот, железничкиот сообраќај бил во прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.