Обивнителството денеска побара притовор за убиецот во скопската населба Тафталиџе. Оттаму соопштуваат дека кога оштетените татко и син дошле пред дуќанот на осомничениот и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања, тој без да отклучи го извадил пиштолот кој го држел без дозвола и го насочил кон нив.

Во тој момент тие се оддалечиле, па осомничениот ја отклучил вратата, мислејќи дека си заминале. Тогаш ги забележал како повторно се приближуваат, па пак влегол во дуќанот и го зел пиштолот и започнал да пука кон нив.

Еден од оштетените починал на лице место, додека другиот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во пределот на десниот колк и абдоменот-велат во Обвинителството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.