Основното јавно обвинителство Гостивар поднесен Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 29.12.2018 година околу 17.00 часот во угостителски објект во Кичево со умисла го лишил од живот сопственикот на објектот. Без посебен повод и причина, откако претходно разговарале за негово работно ангажирање на некоја работа, обвинетиот го нападнал оштетениот нанесувајќи му смртоносни убоди со нож.

Истовремено со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.