Според информациите од СВР Штип утрово околу 05:20 часот во полициска станица во Кочани од 30 годишник било пријавено дека во нивната семејна куќа на улицата ,,Климент Охридски” во Кочани неговиот 55- годишен татко ја нападнал неговата мајка(46) која била на возраст од 46 години.

Повредената со тешки телесни повреди била веднаш пренесена во болницата во Кочани. Откако на терен излегле полициски екипи го пронашле безживотното тело на 55 годишникот (В.С.) со убодна рана во пределот на градите.

Во моментов во тек е увид на местото на настанот кој го вршат јавен обвинител и екипа од полициската станица од Кочани. Истражните органи не откриваат кој го извршил убиството, дали мајката или синот.

Според неофицијални информации на Сител во обидот да се одбрани сопругата го усмртила нејзиниот маж.

Жената со тешки телесни повреди и голем број исекотини во моментов е во штипската клиничка болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.