Три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две само со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи утрово на булеварот Партизански одреди и булеварот 8 Септември.

На 08.09.2020 во 07.00 часот на крстосница од бул. „Партизански одреди“ и бул. „8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(47) од с.Гарани, кичевско и товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(36) од Скопје, велат од МВР. 

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се здобиле возачот на патничкото возило С.И. и сопатниците во истото возило Б.В.(33) од с.Врановци, гостиварско и В.Д.(21) од с.Арачиново, скопско.

Со телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило, М.Х.(32) од с.Врапчиште, гостиварско и С.Б.(47) од с.Брњарци, скопско. И тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.