На патот Неготино-Велес, на стара наплатна станица „Градско“ која веќе не е во функција, синоќа во 22:15 часот влекач „сканија“ со велешки регистарски ознаки и полуприколка „Гоша“, управуван од Б.Ј.(59) од Богданци, удрило во бетонски ѕид од наплатната станица и се превртел на коловозот.

Во незгодата со повреди се здобил возачот и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Граѓаните на социјалните мрежи апелираат до надлежните ова да се среди додека не дошло до поголема трагедија.

Поставете соодветна сигнализација кога оставате бетонски остатоци како чиреви од стара патарина. Дури и најискусните (возачи на камиони) прават грешки бидејќи е вечерно време и нема соодветни знаци. Возачот на брза помош кажа дека е 5ти или 6ти случај откако е преселена патарината. Да не биде предоцна, бидејќи никој од нас нема да одговара. Сликата е страшна, но возачот е пренесен во Велес со расекотина на глава на снимање – стои во објавана фејсбук на страницата „Ѕид на сообраќајкниот срам“.

Новите наплатни пунктови се поставени на само неколку метри растојание.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.