Едно лице е убиено вечерва во угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево, дознава „Независен весник“.
Весникот пишува дека е убиен 64 годишниот сопственик на локал М.С, но засега нема информации за убиецот. Сопственикот бил избоден до смрт со нож по кратка расправија со напаѓачот. Мотивите засега не се познати. Полицијата и јавен обвинител извршија увид и локалот е заштитен со полициска лента.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски го потврдува настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.