Вечерва се случила голема сообраќајна несреќа кај Гостивар во која еден полицаец загина, а еден повреден и префрлен на Клинички.
Несреќата неофицијално се случила откако возило удрило во полицајците кои вршеле увид од претходна сообраќајка.
Околу 19 часот вечерва на патот Тетово-Гостивар во близина на Тумчевишка клучка полициските службеници од БПС-Гостивар, П.Ѓ. и Ф.Ш. додека обезбедувале лице место на сообраќајна незгода што претходно се случила меѓу две возила, во нив удрило патничко возило „Форд фокус“, информираат од МВР.
Ф.Ш. е пренесен во болницата во Гостивар, а П.Ѓ. починал.
Во ПС Гостивар од слобода е лишен Р. Ш. (31) од с. Грашница-Кичево кој го управувал возилото „Форд Фокус“ со кичевски таблички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.