Сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, во која учествувале автобус и комбе. Според првичните информации станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на АРМ, кои со автобусот од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и во тек се лекарските прегледи и снимања. Според првичните информации повредните не се во животозагрозувачка состојба.

Портпаролот на СВР- Штип, Гордана Панајотова вели дека во тек е увидот на местото на несреќата од страна на екипите, а несреќата се случила пред седум часот.

Надлежните повеќе детали за несреќава ќе соопштат во текот на денот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.