Во текот на вчерашниот ден околу 12 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Никола Карев“, улицата „Јадранска Магистрала“ и булеварот „8-ми Септември“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Шевролет спарк“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.Г. (60) од Скопје, патничко моторно возило „Сеат алтеа“ со скопски регистерски таблици, управувано од О.Т. (30) од Скопје и патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ф.М. (58) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.Г., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“, а со телесни повреди се здобил О.Т., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.