На 29.02.2020 во 20,20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.“Ѓорче Петров“ и ул.“Мајски манифест“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(22) од Скопје, и патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(22) од Скопје, а настрадале и пешаци.
При незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и пешаците Б.Т.(19) и уште две лица на возраст од 16 и 17 години сите од Скопје по што биле пренесени во болницата Аџибадем Систина и Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.