Пет лица се здобија со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера на влезот од Скопје, информира МВР. Имено, во 23:50 часот на булевар „Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот А.М.Д. од село Сопиште, скопско и патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот А.А. од Скопје. Со повреди се здобиле двајцата возачи, како и Н.А.(19) од Скопје и И.А.(22) од Скопје, сопатници во возилото „Опел вектра“ и сопатничката во возилото „Рено меган“, 20-годишната К.Л. од Скопје.

Повредените од возилото „Опел Вектра“ со возила на итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Додека, повредените од возилото „Рено Меган“ биле пренесени во градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.