Попладнево по 15 часот во близина на комплексот Чаирчанка во Чаир, пред продавница за автомобилски делови, имаше престрелка со огнено оружје.

Според очевидци, инцидентот се случил помеѓу две групи млади лица кои откако физички се пресметале, употребиле и автоматско оружје од типот Калашников. Во моментов нема пријавени жртви.

Полицијата е на местото на настанот и го истражува случајот, додека сообраќајот во овој сегмент е целосно блокиран.

Сообраќајот во моментов е преориентиран кон „Пластичарска“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.