Двајцата средовечни гевгеличани, Кире Арнаудов и Владо Дагалев, синоќа околу 22 часот биле пронајдени од страна на ангажираните екипи од МВР, Шумската полиција, локални ловџии, планинари и членови од семејствата. Акцијата за наоѓање беше организирана откако надлежните беа алармирани дека двајцата гевгеличани се загубиле кај месноста „Круша“, на планината Кожуф.
Потрагата почна откако попладнето, околу 15 часот, стигнал аларм од двајцата гевгеличани дека го загубиле патот во близина на „Круша” и дека не знаат каде се наоѓаат.
Веднаш биле мобилизирани сите екипи кои тргнале да ги бараат по лошите временски услови (дожд и магла), кои го отежнувале барањето, но потрагата сепак имаше среќен крај и тие се веќе вратени живи и здрави кај своите најблиски во Гевгелија.
Спасувачки екипи составени од полициски службеници од МВР, Шумската полиција, Шумско стопанство Гевгелија, ловното друштво „Елен“ од Гевгелија и членови на семејствата вечерва околу 22 часот на две издвоени локации на планината Кожуф ги пронајдоа В.Д. (70) и К.А. (58), за кои денеска во 17.30 ч. во ОВР Гевгелија беше пријавено дека се изгубиле откако во утринските часови заминале рекреативно да планинарат на планината Кожуф – информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.