Едно лице е во бегство по денешниот обид за убиство во просториите на општина Карпош.
Инфомакс повикувајќи се на неофицијални информации ибјави дека лицето кое е во бегство е вработен во општината и близок пријател и соработник на градоначалникот Стефан Богоев задолжен за секторот за човечки ресурси.
На деншниот настан му претходел љубовен тријаголник, а повредениот е сопруг на љубовницата на вработениот во општината кој бил итно пренесен во болница.
Од Министерството за внатрешни работи за Инфомакс го потврдиле настанот и потенцирале дека се работи на расчистување на случајот.
-На 26.07.2021 во 11,30 часот било пријавено дека по претходна расправија С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37) двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.