Шеесетиедногодишник возраст од село Босилово загина во сообраќајната несреќа што се случи претпладне во 10:40 часот на патот Струмица-Ново Село, пред влезот во Босилово.
Според првичните информации, автомобилот марка „фиат браво“ од засега непознати причини излетал од патот и се забил во дрва покрај коловозот, а возачот починал на местото на несреќата.
Од силината на ударот автомобилот е целосно уништен, а во извлекувањето на починатиот возач учествувале шест пожарникари со специјална хидраулична алатка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.