Фолклорно играорна група од Косово утрово го поставила знамето на Република Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид. Како што дознава редакцијата ОхридСкај играорците, сакале да направат сопствен играорен перформанс.

Знамето е отстрането, СВР Охрид веднаш излегла на терен и играорците се приведени, а се чекаат понатамошни инструкции од jавен oбвинител.

Случајот го забележале граѓаните кои живеат во тој дел на градот, а направените фотографии покажуват четири лица како го поставуваат знамето на тврдината.

На социјалните мрежи се појави уште една фотографија на која се гледа како лице во албанска носија виори знаме на кулата на тврдината.

За случајот е запознаена полицијата која испратила екипа на лица место заради утврдување на околностите во врска со настанот.

Како што изјави Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, албанското знаме е тргнато од тврдината, а полицијата презема активности за расветлување на настанот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.